сепарира
сепарираат; сепарирал; сепариран; сепарирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 39320
1.
Оддели, одделува едно нешто од друго.
Англиски:
separate
Албански:
separoj, ndaj
Тука го сепарираме пластичниот отпад од металниот.
Рудата ја сепарираме со помош на вода.
Овошјето се сепарира по големина.
2.
(се сепарира) Се оддели, се одделува од другите; тежнее да биде сам, да работи, живее одделно од другите.
Англиски:
separate
Албански:
separoj, ndaj
Тој секогаш се сепарира од другарите.
Изведенки
сепарирање ср.